ПОЈАДОК ШТО ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ: Ако денот го започнете со ова, нема да знаете што е болест!

Вреди да се проба:

Подгответе појадок секое утро според рецептот на нутриционист и вашето тело ќе биде благодарно.

Без оглед колку пати ќе слушнеме дека појадокот е најважниот оброк, секогаш ни недостасува инспирација за неговото подготвување. И затоа што секогаш брзаме на работа, и затоа што повеќе сакаме да го испиеме првото кафе веднаш по будењето, појадокот обично отсуствува.

- Advertisement -

Па, како брзо и лесно да подготвиме нешто навистина вкусно и здраво? Следете го овој рецепт.

Состојки:

  • 250 мл јогурт
  •  1 јаболко (на коцки)
  • 1 лажица мед
  • 40-50 грама сецкани бадеми
  • половина лажица цимет
  • 15 капки прополис
  • 3 лажици овесна каша и суво или свежо овошје по ваш избор

Подготовка:

Гответе ги јаболката во вода додека не омекнат, а потоа направете каша мешајќи ги  јаболката во блендер. Ставете ги во јогуртот.

Во исто време, зовријте вода и додадете овесна каша во неа и постојано мешајте додека не добиете хомогена смеса (ќе ви одземе околу една минута).

Потоа измешајте ги јаболката и овесната каша и додадете бадеми, цимет, прополис и мед. На крај, додадете ситно исечено суво или свежо овошје, и појадокот е готов.

П.С. Наместо бадеми, можете да додадете ореви или други јадки.

Овој појадок е добар затоа што секоја состојка има своја важна цел во здравото функционирање на целиот организам. Имено, јаболката апсорбираат холестерол од храната и ја забрзува работата на дебелото црево, а исто така се богати и со цинк, што го зајакнува имунитетот.

Благодарение на сушено / свежо овошје, тој е добар извор на витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот. Докажано е дека медот има лековити и нутриционистички својства, а јогуртот содржи пробиотици кои влијаат на правилното функционирање на дигестивниот систем.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!