Од само неколку состојки, направете вкусна јогурт пита во форма на роза.




Состојки:
- 500 гр готови кори
- 3 јајца
- 500 мл јогурт
- 70 мл масло
- 1 лажичка сол
- 10 гр прашок за пециво
- малку сусам
Подготовка:
Искршете и изматете ги јајцата, додадете јогурт, масло, сол и прашок за пециво. Земете 2 кори, стуткајте ги и лесно потопете ги во смесата. Свртете го делот што го натопивте внатре и повторно стуткајте ги и повторете ја постапката.
Корите треба да ги вртите додека не се натопат целосно, но филот не смее да се исцеди од нив.
- Advertisement -
Се редат на плех обложен со хартија за печење. Направете го ова додека не го потрошите материјалот.




Остатокот од фил распоредете го рамномерно врз питите и посипете ги со семе од сусам.
Печете на 200 ° C околу 20-25 минути.
Добар апетит!