Реклама
За појадок или вечера, најдобар избор се домашните пецива.Тие се прават за кратко време и се одличен избор кога немате леб дома.




Состојки:
Тесто:
Реклама
- 500 гр брашно
- 250 мл млеко
- 50 мл вода
- 20 гр квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
За фил:
- коцки од сирење
- ким
- 1 жолчка за премачкување




Подготовка:
Активирајте го квасецот во млако млеко. Истурете половина од брашното во садот, а потоа додадете сол, квасец со млеко, вода и додадете го остатокот од брашното додека мешате. Месете го тестото и оставете го да отстои 20 минути.
Реклама




Потоа откинете од тестото и направете топчиња, ставете коцка сирење во секое. Ставете ги на плех, премачкајте со жолчка од јајце и ким и печете на 200 степени додека не добијат убава боја (околу 20 минути).




Добар апетит!