ПОХУВАНИ ПЕЧУРКИ: Специјалитет на кој никој нема да може да одолее! Послужете ги со сос по избор!

Вреди да се проба:

Реклама

Похуваните печурки се интересно предјадење кое лесно се прави.

Наместо бело месо, сега похувајте ги печурките и ќе добиете фантастично предјадење кое можете да го послужите на прослави или родендени. Послужете со сос или домашен мајонез, а можете да го послужите и со салата или како прилог.

Реклама

Состојки:

  • 400 гр шампињони печурки
  • 6 јајца
  • околу 200 гр брашно
  • околу 200 гр презла
  • сол, лук во прав

Подготовка:

Направете мешавина од брашно, сол и лук. Изматете ги јајцата на страна во друг сад, и во трет сад ставете ја презлата. Потоа исчистените шампињони извалкајте ги во смесата со брашно потоа во изматените јајца.

На крај извалкајте ги во презлата па повторно во јајца и уште еднаш во презла. На загреано масло пропржете ги печурките од двете страни кратко време. Откако ќе ги испржите ставете ги на хартија малку да се исцедат. Послужете ги со сос по желба.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -