Реклама
Совршен за утрински оброк и прекрасен почеток на денот.




Состојки:
- Кришки леб по желба од стар леб
- 5 јајца
- 5 лажици млеко
- прстофат сол
- прстофат куркума
- 10 лажици пченкарно брашно
- 5 лажици сусам




Подготовка:
Исечете го лебот на тенки парчиња. Изматете ги јајцата и додадете млеко, сол и куркума и комбинирајте се убаво. Измешајте брашно и семе од сусам во чинија на страна.
Реклама




Потопете парче леб во изматените јајца, а потоа во мешавина од брашно и семе од сусам од двете страни. Тавата со масло загрејте ја претходно на оган и пржете ги лепчињата на загреано масло од двете страни.
Добар апетит!