Реклама
Нема повкусни од овие похувани пиперки.




Состојки:
- 8-10 печени зачинети пиперки
- 300 гр фета сирење
- 150 гр сирење
- 100 гр шунка
- јајца за пржење
- трошки од леб
- брашно за панирање
- масло за пржење
- мешавина од зачини




Подготовка:
Излупете ги пиперките, исчистете ги од семе и стебленца, а потоа исечете ги по должина за да добиете правоаголна форма. Изматете го сирењето фета со вилушка, изрендајте го сирењето на големо ренде и ситно исечкајте ја шунката.
Реклама




Во соодветен сад, комбинирајте сирење фета, шунка, сирење и зачини по вкус. Наполнете ги пиперките со подготвената смеса, а потоа похувајте ги.




Првин се валкаат, па се потопуваат во изматени јајца и на крај во лебни трошки. Пиперките пржете ги на врело масло додека не поруменат (кога маслото добро се загрее, намалете ја топлината за да не изгори храната, важно е добро да се загрее, а потоа намалете).
Реклама




Добар апетит!