Посно јадење на вода: Полнети домати со ориз и грав!

Вреди да се проба:

Реклама

Испробајте го овој по малку чуден но прекрасен рецепт.

Состојки:

  • 250 гр свеж црвен грав
  • 750 мл супа од зеленчук
  • 100 гр кромид
  • 450 гр ориз
  • 250 мл црвено вино
  • 8 парчиња свежи домати
  • 3 чешниња лук
  • лажица свеж магдонос

Подготовка:

Гответе го гравот со супата од зеленчук. Во тава без масло малку пропржете го сечканиот кромид. Додадете го оризот, пропржете го и додадете го виното. Кога оризот ќе го впие виното, додадете ја супата и варете 15-20 минути.

Реклама

На крајот од готвењето додадете лук и зачини.  На секој домат му го отсекувате горниот дел, измијте го и исцедете го. Извадете ја средината, исечкајте ја и додајте во подготвеното рижото и гравот.

Додадете сол и полнење на секој домат. Покријте со капачињата од доматите, наредете во огноотпорен сад и печете околу 30 минути на 200 степени.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -