ПОСНО ЛИСНАТО СО ПРАЗ: Направете посни ролнички кои ќе останат свежи до вечера!

Вреди да се проба:

Реклама

Брзо и лесно направете посно лиснато тесто со праз идеално за појадок.

Пецивата се најчестиот избор за појадок во нашите краишта. Покрај тоа, тие се идеални како сервирање за изненадни гости, вечера или ужина. Иако во маркетите и пекарите се достапни различни печива, она што го правите во вашата кујна е далеку повкусно. Едно од нив се посните пецива со праз на кои нема да им одолеат ниту најмладите, кои важат за пребирливи кога е храната во прашање.

Реклама

Состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 400 гр спанаќ
  • 1 кромид
  • 1 праз
  • 3 чешниња лук
  • сол, бибер
  • сусам за посипување

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на ситни коцки, празот на тенки полукругови и лукот. Во длабока тава загрејте го маслото, па ставете ги сите три вида кромид со малку вода да се динста.

Исчистете го, измијте го и ситно исечкајте го спанаќот. Во пржениот кромид додадете ги спанаќот, посолете и забиберете по вкус и се заедно кратко пропржете. Оставете го филот на страна да се излади.

Реклама

Лиснатото тесто развлечете го со сукало во тенок правоаголник. Рамномерно нанесете го филот, па свиткајте го тестото. Се сече на ролати долги околу 7 см и се редат во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со вода и посипете со сусам. Печете ги на 200 степени околу 20 минути или додека не поруменат.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -