Идеално за празнична трпеза, но и за секој ден.
Состојки:
- кисела зелка – 1 поголема или 2 помали глави
- праз – 4 страка
- кромид -3 главици
- морков – 4 корени
- ориз – 1 1/2 чаши од 250 ml
- сол – 1 мала лажичка
- толчена сува црвена пиперка (буковец) – 1 мала лажичка
- мелен бибер – 1 лажиче
- ловоров лист – 4
- благ црвен пипер – 1 лажиче
- мешавина зачини од билки по вкус
- масло по потреба
- вода по потреба
Запршка:
- масло – 3 големи лажици
- брашно – 1 голема лажица
- црвен пипер – 1 голема лажица
Подготовка
Припремете ги листовите од зелка за сарма. Ако зелката е премногу кисела, оставете ги во ладна вода најмалку 2 часа. Зеленчукот ситно исецкајте го и прво кратко динстајте без масло, а потоа додадете го маслото и оставете го да врие на тивок оган додека не омекне.
Додадете го оризот и динстајте уште 10 минути, додавајќи вода по потреба (околу 1 dl). Додадете ги зачините, сол, бибер, буковец, мелен црвен пипер и измешајте сè добро.
Подмачкајте го дното на длабок сад со масло, ставете неколку листови зелка и наредете ја сармата. На секој лист зелка ставете по една лажица полнење.
После секој ред сарми ставајте по еден ловоров лист. Истурете вода за да ги покриете сармите, покријте ги сармите со листови зелка и варете на тивок оган.
Кога листот ќе омекне, тогаш сармата би требало да е готова. Направете ја запршката. Испржете го брашното на масло, додадете мелен црвен пипер и истурете го во сармата врелиот сос. Гответе уште десет минути и тргнете од оган.
По пржењето, садот со сарма можете да го ставите во рерна да добие убава кора и да се распадне уште малку. Кој сака и има, може да стави чадена риба помеѓу свитканите сарми…. Тогаш сармата навистина има посебен вкус.