Посни сармички со листови од лоза – Брз и лесен оброк!

Вреди да се проба:

Реклама

Лесен оброк што редовно ќе го правите!

Состојки:

  • листови од винова лоза
  • 1 шолја ориз
  • 4 лажици масло
  • 200 гр праз
  • 2 поголеми моркови
  • 200 гр печурки
  • 3 лажици мелени ореви
  • 1 лажиче црвен пипер

Подготовка:

Измијте ги убаво листовите од лоза, и исчистете ги од дршките. Сега прелијте ги со зовриена вода.

Реклама

Варете го оризот во двојно повеќе вода околу 20 минути, а потоа оставете го на топлата рингла.

На масло пропржете ситно сецкан праз и рендан морков десетина минути. Додадете ги исецканите печурки, сол, бибер и пржете уште пет минути.

Реклама

Потоа додадете ги мелените ореви и исцедениот ориз, почекајте 15 минути додека не се олади филот, па почнете да ја виткате сармата.

Наредете ги во намастен длабок сад, истурете вода да ги прелие, посипете со црвен пипер и варете половина час на силен оган.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -