ПОСНИ КРОАСАНИ СО КРЕМ: Слатко задоволство!

Вреди да се проба:

Реклама

Вкусно, воздушесто тесто, исполнето со крем – прекрасен начин за засладување за време на пост.

Состојки:

  • 850-950 гр брашно
  • 1 лажица сол
  • 40 гр свеж квасец
  • 2 лажици кристален шеќер
  • 200 мл млеко од соја
  • 150 мл масло
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 мл минерална вода
  • 1 посен маргарин
  • посен крем

Подготовка:

Активирајте го квасецот и замесете мазно тесто од состојкитепогоре наведени освен маргаринот и кремот.  Се остава да нарасне, па откако ќе нарасне се сече на шеснаесет парчиња.

Реклама

Секое парче расукајте го во помал круг и премачкајте го со маргарин. Потоа наредете ги круговите еден преку друг. Оставете повторно малку да одмори и нарасне тестото. Развијте голем круг и исечете го на саканите парчиња.

Парчињата премачкајте ги со крем, и завиткајте ги односно направете кроасан. Печете на 180 степени 25-30 минути.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -