Посни колачи со ореви – Се јадат со завидно уживање!

Вреди да се проба:

Реклама

Лесни вкусни и малку крцкави посни колачи со ореви – омилени меѓу децата и возрасните!

Состојки:

  • сончогледово масло – 1/2 чаша
  • вода – 1/2 чаша
  • сода – 1/2 лажичка
  • хималајска сол – 1 прстофат, ситно
  • интегрално брашно – околу 1 и 1/2 шолја
  • ореви – 1 чаша, ситно сецкани
  • ванила – 2 кесички
  • шеќер во прав – околу 1 чаша (за валкање)

Начин на подготовка:

Во тавче измешајте го маслото со вода и ставете на оган да врие. Штом ќе зоврие додадете сода, прстофат хималајска сол, кесичка ванилин шеќер и тргнете ја од оган.

Реклама

Истурете го интегралното брашно наеднаш, измешајте со дрвена матица – лажица додека не добиете мазно тесто, малку лепливо, но кое се одвојува од ѕидовите на садот.

Додадете ситно мелени ореви и замесете тесто (со рака или со жица, ако е уште топло), така што рамномерно ќе ги впие оревите.

Реклама

Додека е уште топол, колачите со ореви обликувајте ги во топчиња, валкајте ги во шеќер во прав и наредете ги во плех за печење претходно премачкан со масло.

Печете ги на 180 степени додека не поруменат (околу 25 минути – во зависност од рерната – можеби повеќе или помалку).

Веднаш штом ќе ги извадите готовите посни колачи од рерна, додека се уште топли, валкајте ги во мешавина од шеќер во прав и кесички ванилин шеќер.

- Advertisement -

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -