Посна слатка пченица

Вреди да се проба:

Реклама

Најдобар рецепт за неизбежна состојка на секоја слава! Еве како да подготвите.

Состојки:

  • 250 гр пченица за готвење
  • 200 гр шеќер во прав
  • 150 гр мелени лешници / ореви / бадеми
  • 1/2 лажиче мелен цимет

Подготовка:

Реклама

1. Ставете ја пченицата во подлабок сад, полијте ја со ладна вода и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие истурете ја водата ставете ја пченицата во цедалка и исплакнете ја под млаз ладна вода. Вратете ја пченицата во садот за готвење, прелијте ја со топла вода (водата треба да биде 5-8 см над пченицата) и ставете ја да се готви покриена). Гответе ја пченицата додека не омекне, на средна температура.

Може да се потопи и пченица со вода навечер, да се истури водата наутро, да се додаде нова вода и постапката на готвење да е иста, само што се готви побрзо на овој начин.

Реклама

2.Кога пченицата ќе омекне, тргнете ја од оган и оставете да се излади (покриена). Изладената пченица префрлете ја во цедалка (зачувајте ја водата во која е зготвена) и измијте ја под млаз ладна вода.

Потоа, измелете ја пченицата во појак блендер, додавајќи малку вода во која се готвеше пченицата (за полесно мелење).

3.Ставете ја мелената пченица во сад, додадете шеќер во прав и добро измешајте со лажица. Потоа, додадете мелени лешници, бадеми или ореви, цимет и морско оревче ако сакате. Добро измешајте.

- Advertisement -

Ставете ја подготвената пченица во сад и украсете ја по ваша желба, доколку имате калап за украсување можете да го искористите и да обложите со суво грозје наоколу.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -