Реклама
Овој пат ви претставуваме проверен рецепт за посна ориз салата со туна.




Состојки:
- 250 гр кафеав ориз или обичен
- 1 конзерва од 160 гр туна
- 1 среден варен морков
- 1 среден домат
- 1/2 од мала свежа краставица
- 15-на црни и зелени маслинки
- 5 лажици грашок
- 5 лажици пченка
- 3-4 лажици маринирани печурки
- по вкус и потреба сол и масло.




Подготовка:
Оризот сварете го во зовриена и посолена вода додека омекне. Потоа исцедете го и исплакнете го со ладна вода. Ставете го во еден сад.
Реклама




Морковот, доматот, краставицата, печурките и маслинките исечкајте ги на помали парчиња и додајте ги во оризот. Додајте ги грашокот, пченката и туната малку исцедена од маслото и измешајте ја. По вкус додајте сол и масло.




Салатата покријте ја со најлонска фолија, ставете ја во фрижидер да се разлади и спојат вкусовите, но ако не можите да чекате послужете веднаш.
Реклама




Посната ориз салата со туна послужете ја како мезе, прилог со ручекот или пак на свечена трпеза за слава, именден, роденден…