Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава.
Доколку смислувате мени за Свети Никола или некоја друга посна слава, наш предлог е посна салата со макарони и печурки. Вкусен и направен од евтини состојки, ќе биде одлично мезе, но може да се јаде и како лесен ручек или вечера.
Оваа салата се подготвува многу брзо и не ви се потребни посебни кулинарски вештини за да ја направите. Она што го прави одличен е препечениот сусам кој му дава посебен вкус, како и флуидноста од печурките кои ќе ги впијат макароните и ќе ги направат посочни.
Состојки:
- 400 гр печурки
- 2 лажици посен мајонез
- 1 лажица семе од сусам
- 1 пакување макарони
- 4 чешниња лук
- лажица свеж сечкан магдонос
Подготовка:
Ставете ги макароните да се варат, а за тоа време ситно исечкајте ги печурките со сите стебла. Во тава загрејте го маслото, па ставете ги печурките да се пржат на средна температура. Посолете ги за да им се ослободи сок.
Не дозволувајте целата течност да испари бидејќи им дава посебна сочност на макароните. На крајот од пржењето додадете го сечканиот лук. Во сварените макарони додадете ги печурките и измешајте. Во тава пропржете го сусамот, па додајте ги во макароните, како и мајонезот, магдоносот и солта. Се добро измешајте и послужете.
Пријатно!