Брза и лесна посна погача за секој ден.




Следете го процесот и направете го овој вкусен рецепт.
Состојки:
- 400 мл млака вода
- 30 гр квасец
- 800 гр брашно
- 1 лажичка шеќер
- сол 1/2 лажиче
- 50 гр посен маргарин
- малку масло
Подготовка:




Растворете го квасецот и шеќерот во вода, додадете брашно и сол и замесете мазно тесто. Покријте го тестото и почекајте да стаса. Потоа ставете го на набрашнета површина на масата и исечете го тестото на 5 топчиња.




Првото топче расукајте го во правоаголник со сукало и намачкајте со малку маргарин. Завиткајте го во ролат и исечете го по должина од двете страни. Потоа завртете го во круг како полжав. Ставете го во центарот на подмачкан плех за печење.




Останатите 4 топчиња расукајте ги и завиткајте ги на ист начин и наредете ги во круг околу тестото кое го ставивте во средината на плехот. Покријте да стаса уште малку, па премачкајте со масло и посипете со семе од ким и крупна сол.




Оваа посна погача се пече на 180 степени околу 45-50 мин. додека да добие кафеава златна боја.
Пријатно!