ПОСНА МУСАКА прсти да излижете: Лесно, брзо и заситувачко јадење!

Вреди да се проба:

Совршен за посни денови, бидејќи ќе подготвите идеален оброк за семејството за само неколку минути!

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 1 кромид
  • 3-4 пиперки
  • 2 мали домати или од шише
  • чаша ориз
  • сол
  • бибер
  • масло за подмачкување
  • мала чаша ориз

Подготовка:

Исецкајте го кромидот и испржете го, додадете исечкана црвена пиперка, исечен домат и пржете да испари течноста. Додадете варен ориз, бибер и сол.

- Advertisement -

Плехот за печење премачкајте го со масло. Исечете го компирот на тенки прстени, наредете ги на дното па врз нив ставете половина од филот кој го направивте претходно, па повторно одозгора ставете уште еден ред компири и завршете со филот на крај.

Доколку сакате можете одозгора да изрендате растителен кашкавал кој ќе даде дополнително богат вкус на јадењето.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!