ПОСНА МИМОЗА салата: Отсега ќе ја правите во секоја пригода!

Вреди да се проба:

Реклама

Одлично јадење, гарнир или мезе за време на пост или во обични денови.

Состојки:

  • 300 гр посен мајонез
  • 4 варени компири поголеми
  • 1 чаша сецкан праз
  • 3 варени моркови
  • 1 чешне лук
  • 2 туна конзерви
  • масло по вкус
  • оцет по вкус
  • сол по вкус
  • бибер по вкус

Подготовка:

Исечете го компирот на коцки, измешајте го со празот, зачинете го со масло, оцет, бибер и сол и промешајте.

Реклама

Потоа изрендајте го морковот и исецкајте го лукчето измешајте ги заедно и зачинете ги со масло и сол.

Откако сите состојки ќе ви бидат подготвени за спремање почнете да ги редите наизменично во сад кој сте го подготвиле за салатата.

Реклама

Ставете слој од смесата со компир па премачкајте со мајонез, потоа од туната во конзерва и пак мајонез, па смеса од морков и мајонез. Повторете ја постапката до потрошување на состојките и на крај завршете со слој од рендан морков со лукче без да премачкувате со мајонез.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -