Посна лазања со тиквички

Вреди да се проба:

Реклама

Слатко уживање за сечиј вкус!

Состојки:

  • 14 лазања кори
  • 2 поголеми тиквички
  • 3 моркови
  • 20 маслинки
  • 500 мл доматен сос
  • 100 гр кашкавал
  • маслиново масло
  • сол, црн пипер, сув босилек

Подготовка:

Ситно исецкајте ги тиквичките и морковите и пржете ги на маслиново масло. Штом ќе ја сменат бојата додајте ги претходно исецканите маслинки. Пржете уште 2-3 минути па сипете го доматниот сос и зачинете. Штом ќе зоврие сосот тргнете го настрана.

Реклама

Во зовриена вода ставете ги лазања корите да омекнат 5 минути. Во мал стаклен сад или тава, ставете две кори една до друга и полијте ги со сосот.

Повторете ја постапката со тоа што на вториот и четвртиот ред ќе поросите рендан кашкавал. Најодозгора завршете со сос и со ленти од кашкавал. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Реклама

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -