Ви носиме рецепт за посна кремаста торта на која тешко може да се одолее.
Посна кремаста торта ќе ве воодушеви со својот вкус. Не ви требаат јајца или млеко, а вкусот ќе ве собори од нозе.
Состојки:
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр маргарин
- 100 мл сок од портокал или од кој било сок
За фил:
- 1 литар вода или млеко од соја
- 160 гр или 4 кесички пудинг од ванила
- 10 лажици шеќер
- 250 гр маргарин
- 200 гр шеќер во прав или по вкус
- 200 гр мелени ореви
- 200 гр чоколадо
- 150 гр шлаг посен
- 300 мл газирана вода
Подготовка:
Пудингот и шеќерот се мешаат со малку ладна вода, а остатокот од водата се става на оган да зоврие. Сварете го пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го од оган, па додадете (по желба) малку екстракт од ванила (по избор). Потоа покријте со кеса или фолија и оставете да се излади.
Додека пудингот се лади, направете ја кората. Во бисквитот се додава растопениот маргарин и сок, убаво се меша бисквитот да биде насекаде влажен. Треба да биде ронлив. Протресете го во калапот, а потоа разнесете го насекаде, а потоа притиснете го целото со шпатула или чаша.
Откако ќе се излади пудингот се мати заедно со маргаринот и шеќерот во прав. Пудингот првин малку разматете го да омекне за полесно да се соедини со маргаринот па потоа додадете половина маргарин. Изматете, па додадете го остатокот и повторно изматете.
Изматете го шлагот со газираната вода, па од него додадете малку во филот како би бил станал воздушест, и еден дел одвојте од шлагот за украсување. Потоа додадете ги оревите и ренданото чоколадо во филот и сè соединете.
Над кората од бисквит се става целиот фил, се израмнува и се става во фрижидер да се стегне, па се украсува со останатиот шлаг или се прави веднаш по желба, но мора да стои во калапот додека не се стегне.
Пријатно!