Се прави многу едноставно, но тестото мора да се замеси ден претходно.




Состојки:
- 100 гр мед
- лажичка сода бикарбона
- 250 гр брашно
- 300 гр шеќер
- 50 гр маргарин
- 250 гр мелени ореви
- ванилин шеќер
Состојки за глазура од ванила:
- 3 лажици ладна вода
- 180 гр ванилин шеќер
или Состојки за чоколадна глазура:
- 50 гр маргарин
- 100 гр чоколадо за готвење
- 1 дл вода
Подготовка:




Кристалниот шеќер, медот и ванилиниот шеќер сварете ги со 2 дцл вода со постојано мешање. Изладете го сирупот и додадете брашно, ореви и сода бикарбона. Соединете го тестото и оставете го преку ноќ.




Следниот ден тестото префрлете го во плех намачкан со маргарин и посипан со брашно, печете на 200 степени додека да порумени тестото. Потоа направете по желба глазура од ванила или чоколадна глазура.




Направете ја глазурата од ванила мешајќи 180 гр ванилин шеќер со многу малку ладна вода додека не побели.




Чоколадната глазура се прави така што 100 гр чоколада за готвење се топат со 1 дл вода и се меша додека не се изедначи масата, па на крајот се додава парче маргарин.
Пријатно!