Посен зелник со фил БЕЗ МАСЛО – Брзо и лесно за подготовка!

Вреди да се проба:

Еден посен рецепт кој добро ќе им дојде на оние кои постат без масло. Се подготвува релативно брзо и добро ќе ви дојде во деновите на постот.

Иако мора да признаеме дека не е толку вкусен како традиционалниот, мрсен зелник, сепак е добра замена за оние кои постат.

- Advertisement -

Потребни состокји:

За тесто:

  • 700 -800 гр. брашно
  • малку квасец (половина коцка)
  • млака вода по потреба, колку што прима брашното

За фил:

  • главица-две кромид
  • кечап
  • печурки
  • зачини (црн бибер, оригано)

Подготовка:

Од надојдениот квасец, брашното и млаката вода замесете меко тесно, додадете и малку сол. Оставете го тестото малку да одмори, па расукајте две кори малку поголеми од плехот во кој ќе печете.

Претходно подгответе го филот: исечканиот кромид динстајте го со малку вода додека омекне, додадете ги сечканите печурки, сол и зачини по вкус. Кога ќе се излади, додадете и малку кечап, за да добиете фил кој потсетува на пица. Ако сакате повеќе фил, ставете повеќе печурки и кечап.

Плехот набрашнете го, па ставете ја кората, истурете го филот и поклопете со втората кора која малку ќе ја наберете, направете витка и печете го на 200-220°Ц.

Кога ќе се испече, попрскајте го со малку вода и покријте го со крпа, малку да омекне.

Наша препорака: Филот може да го направите и од праз и суви коприви. Така што ситно ќе го насечете празот и ќе го издинстате. На крај само ќе ги додадете копривите и ќе ги динстате малку да омекнат.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!