Направете го ова за ручек, ако сакате да одморите од месото! Ако решивте да се „префрлите“ на лесни оброци еве еден добар рецепт за таков оброк.
Состојки:
- 400 гр спанаќ
- 250 гр печурки
- 1 глава виолетов кромид
- 2 млади кромида
- коцки сув леб
- Грчки јогурт 250 грама
- 2 грста ореви
- сол и бибер.
Подготовка:
Спанаќот добро измијте го и исцедете го. Додека спанаќот се цеди, издинстајте ги шампињоните и кромидот (ситно исецкан).
- Advertisement -
Измешајте ги динстаните печурки со спанаќ, ситно исечен свеж кромид, грчки јогурт и зачини. Додадете сув леб и ореви и уживајте!
Добар апетит!