Лесно се прават и се одличен избор за празнична трпеза, но може да бидат и лесна вечера или предјадење за секоја пригода.
Состојки:
- тврдо варени јајца
- домашен мајонез (ако не го јадете, користете грчки јогурт)
- бибер
- сол
- сенф
- зачини и билки по ваш избор (оригано, кари ..)
- други додатоци сланина, шунка, сирење, зеленчук
Подготовка:
Излупете го тврдо вареното јајце, па пресечете го на половина со нож. Извадете ги жолчките, изгмечете ги и измешајте со мајонез, сенф и зачини. Добивате основна мешавина што дополнително ја надоградувате со различни состојки.
Можете да додадете пире од авокадо, ситно сецкана сланина, рендано сирење или парчиња варено пилешко. Ако имате остаток од зеленчук (пченка, брокула, пиперки…) во фрижидерот, можете исто така да ги искористите. Можете исто така да ги наполните јајцата со пушен лосос или конзервирана туна.
Ако сте љубител на лута храна, додадете малку сецкани лути пиперки во смесата со која ги полните јајцата.
Вкусот можете да го збогатите и со чили сос или сок од овошје (неколку капки лимон или некој друг сок).
Кога ќе го направите филот, истурете го во белките со лажица, внимавајќи да не ги оштетите. Украсете ја површината – ова ќе придонесе тие да бидат визуелно примамливи (магдонос, зачин, миризлив пипер).
Полнетите јајца се служат изладени.
Пријатно!