Ви подготвивме еден прекрасен рецепт како да направите вкусни полнети тиквички на малку поинаков начин.




Состојки:
- 4 бр. средна големина тиквички
- малку сол
- 2 лажици маслиново масло
- 300 гр. пресувана шунка
- 200 гр. моцарела сирење
- 100 гр. шампињони
- 2-3 лажици мешавина зачин за шницли шницли Фант
- 50 мл вода




Подготовка:
Тиквичките исечете ги по должина и издлабете им ја средината, посолете и оставете ги да одстојат.
За да го подготвите полнењето т.е. филот, дадената количина од шунката, сирењето и печурките, сите заедно ставете ги во сецко и исечкајте ги (или може и да ги изрендате). Додајте го зејтинот, фантот кој веке сте го раствориле во 50 мл. вода и убаво измешајте ја целата содржина додека стане хомогена.




Совет плус – Доколку во моментот немате моцарела, без тревожење, одлична замена е пресно кравјо сирење но рецептот дозволува дури и било кое сирење. А доколку во моментот немате ниту шамшоњони, слободно изоставете ги, вкусни се и без нив.




Полнете ги тиквичките со подготвениот фил. Наредете ги во тавче, полијте ги со малку вода и ставете да се подпечат во предходно загреана рерна.
Печете ги на 180 степени Цечлзиусови, околу 12 минути. Или може да ги ставите во микро печка.




Во сад за служење ставете кечап или подгответе сос од домати во кој ќе додадете малку зејтин, сол и бибер. Поставете ги врз сосот тиквичките и послужете.
Добар апетит!



