Полнети пиперки со зеленчук: Совршен летен оброк!

Вреди да се проба:

Реклама

Полнети пиперки без месо се идеална летна опција за ручек или вечера.

Рецепт кој ќе ги воодушеви сите со својата едноставност. Полнетите пиперки со ориз се јадење што ќе ве заситат и нема да ви биде тешко во жешките летни денови. Одличен избор за секој што сака посни оброци.

Реклама

Состојки:

  • 10 пиперки
  • 50 гр ориз
  • 1 компир
  • 2 моркови
  • 1/2 тиквички
  • 1 корен од магдонос
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 свежи домати
  • црвена мл. пиперка
  • бибер, сол
  • лист од магдонос
  • 200 мл варени домати
  • 200 мл вода
  • 1 лажиче брашно
  • масло

Подготовка:

Исечете го целиот зеленчук на коцки. Кромидот пропржете го на масло, додадете го морковот и кога малку ќе се испржи, додадете го целиот друг исечен зеленчук.

Додадете лук, црвен пипер, ориз, бибер, сол, лист од магдонос. Измешајте се и полнете ги пиперките и затворете ги со парчиња домат.

Реклама

Се редат во подмачкана тава. Измешајте варени домати, вода и додадете брашно, изедначете. Истурете се преку пиперките и истурете малку масло. Печете на 220 степени околу еден час Покријте ги пиперките со фолија првиот половина час, а потоа откријте ги и печете ги.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -