Колку пати ви се случило да почнете да правите палачинки, а домашните не можат да дочекаат да бидат готови и ве напаѓаат во кујната на секоја минутка?




Затоа подготвивме еден интересен рецепт за полнети палачинки.
Состојки:
- 240 гр. брашно
- 500 мл. вода
- 4 јајца
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка шеќер
- 60-80 мл. масло за готвење
- 450 гр. урда (за фил)
- 2 жолчки (за фил)
- малку сол (за фил)




Начин на подготовка:
Во подлабок сад, со помош на миксер, изматете ги јајцата, шеќерот, солта и брашното. Во смесата додадете ги млекото и маслото и уште еднаш убаво промешајте. Оставете да отстои околу 15 минути.
Во тефлонско тавче пржете ги палачинките, помалку од вообичаено, да останат бели. Ако тавчето ви е лепливо премачкајте го со малку масло.




Испржените палачинки оставете ги да се оладат. Во меѓувреме, подгответе го филот.
За подготовка на филот, во одделен сад добро измешајте ја урдата (или може да користите сирење) заедно со 2 жолчки и зачинете по вкус.
Филувајте ги палачинките. Ставете околу 2 лажици од филот врз испржената палачинка. Преклопете го едниот крај, а потоа свиткајте ги и страничните делови.




Ролувајте ја палачинката така да добиете затворена полнета палачинка.
Во истата тава за пржење, на малку загреано масло, испржете ги палачинките (од двете страни) се додека не добијат златно-кафена боја.




Ставете ги врз кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија и сервирајте ги.
Добар апетит!