Полнети домати со јајца, путер и сланина : Едноставен и брз оброк!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој прекрасен оброк може да се служат како топло предјадење.

Состојки:

  • 10 еднакво големи домати
  • 10 јајца
  • 100гр сува сланина
  • 100 гр путер
  • 100 мл кисела павлака
  • мелен бибер
  • сол
  • 20гр лук
  • мирудии за декорација по желба

Подготовка:

На доматите им се одсекува горниот дел и со лажичка внимателно се вади средината.

Реклама

Во секој домат се става по едно јајце (нематено) и по малку путер.

На страна во тава се пропржува сецканата срцевина од доматите, сецкана сува сланина, ситно сецкан лук. Кога ке се згусне смесата се додава павлаката, сол по вкус и мелениот бибер.

Реклама

Со припремената смеса се дополнуваат доматите, кои претходно се редат во подмачкано тавче.

Во рерна се печат околу половина час на 180-200 степени.

Се служат топли, со декорирање по желба (рузмарин, магдонос, целер).

- Advertisement -

Може да се служат како топло предјадење или со динстан ориз или пире од компири.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -