Полна чинија зеленчук: Подготовка за половина час!

Вреди да се проба:

Реклама

Одличен рецепт кој ќе ви ги разбуди сите сетила.

Состојки:

  • 450 гр Моркови
  • 450 гр тиква
  • 450 гр домати
  • 2 цвекла
  • 1 кромид
  • 1 конзерва наут
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 лажица брашно
  • прстофат лута пиперка

Подготовка:

Излупете и исечете морков, кромид, цвекло, домат и тиква. Подгответе тава во која ќе додадете маслиново масло, па вклучете го шпоретот на среден оган. Кога маслото ќе се загрее, пржете го кромидот, додадете брашно и црвен пипер, и добро измешајте.

Реклама

Додадете сецкан морков и тиква, прелијте го зеленчукот со вода, потоа убаво измешајте се и оставете да се динста во наредните 20 минути. Потоа следува цвеклото, доматите и додадете сол. Почекајте сите состојки да омекнат со готвење, и само на крајот додајте им го наутот. Измешајте сe добро и сервирајте топло.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -