Реклама
Нема ништо подобро од пита со врело сирење за појадок.




Некогаш е доволно само да се смени начинот на наредување на кората за да биде поинаква питата. Затоа ви носиме рецепт за пита полжав кој е вкусен, брзо се подготвува и сигурно ќе ги задоволи сите.
Реклама




Состојки:
- 1 пакување готови кори
- 250 гр фета сирење
- 180 гр кисела павлака
- 150 гр грчки јогурт
- 100 гр крем сирење
- 1 јајце
- 2 лажици масло + масло за посипување на кората
Подготовка:




Измешајте фета сирење, крем сирење, павлака, јогурт и јајце. Сето добро изматете со миксер за да добиете фил.




Секоја кора посебно попрскајте ја со вода и масло, а потоа додајте го филот на едниот крај и свиткајте во круг. Секоја кора расукајте ја посебно, па наредете ги во круг додека не ги потрошите сите кори.
Реклама




Кога ќе завршите, одозгора наросете уште малку вода и масло и покријте со уште малку фил ако ви остане. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час.
Пријатно!