ПОЛЖАВИ СО АФИОН: Десерт на кој никој не може да му одолее!

Вреди да се проба:

Реклама

Добрите колачиња никогаш не се забораваат. Десерт кој ќе го правите почесто.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 30 гр свеж квасец
  • 100 гр путер
  • 1 јајце
  • 30 гр шеќер
  • 3 дл млеко
  • кора од лимон
  • малку сол

Фил:

Реклама
  • 100 гр афион
  • 2 лажици рум
  • 4 лажици млеко
  • 2 лажици џем од кајсија
  • 100 гр мед

Подготовка:

Квасецот издробете го врз малку млеко, шеќер и брашно. Оставете на топло 15 минути.

Потоа измешајте го квасецот со брашно, омекнат путер, јајце, шеќер, малку сол и рендана кора од лимон.

Реклама

Додадете го останатото млекото и месете додека тестото не почне да се одделува од садот. Оставете го на топло покриено додека обемот не се зголеми двојно.

За филот прелијте го семето од афион со топло млеко, додадете рум и џем. Измешајте се добро и оставете да се излади.

Пренесете го тестото на набрашнета површина, замесете и со сукало направете кора, премачкајте ја со фил и обликувајте ролна. Исечете на парчиња дебели 4 цм.

- Advertisement -

Калапот за печење премачкајте го со путер и посипете го со брашно. Ставете ги полжавите еден до друг во круг. Покријте и оставете уште 15 минути на топло место.

Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 30 минути.

Измешајте мед со децилитар вода и ставете го на оган додека не зоврие. Истурете го топлиот меден сируп над печените полжави и вратете се на исклучената топла рерна уште 10 минути.

Пријатно јадење!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -