Сакате нешто слатко и не сакате да поминувате многу време во кујната? Подгответе ја оваа мешавина од крофни и мафини – многу едноставни и брзи колачиња кои одлично одат со чај или кафе.




Состојки:
- 2 чаши брашно
- 1,5 чаши шеќер
- 2 лажички прашок за пециво + половина лажичка сол
- 1 лажичка цимет
- 1 и 1/4 чаша млеко
- 2 лажици стопен путер
- 2 лажички арома на ванила
- 1 јајце




Прелив:
- 3/4 чаши шеќер
- 1 лажичка цимет
- 1/4 чаша стопен путер




Подготовка:
Пред се, загрејте ја рерната на 175 ° C, а калапот за мафини премачкајте го со масло.
Изматете во еден сад брашно, прашок за пециво, шеќер, сол и цимет, а во друг влажни состојки – млеко, јајце, путер и ванила.




Влажните состојки додајте ги на сувите и мешајте додека не добиете смеса. Истурете ја смесата во калапите и печете 20 минути.
Оставете ги да се оладат во калапот околу пет минути, а потоа извадете ги и оставете ги да се изладат целосно.




Во меѓувреме, измешајте ги шеќерот и циметот во сад, а потоа натопете ги мафините во стопен путер и превртете ги во шеќер и цимет.




Пријатно!