Од ова тесто можете да направите зајачиња или плетенка, а можете да ги направите и двете.




Состојки:
- 750 гр брашно
- 1 квасец
- 1 јајце
- 2 лажички сол
- 1 лажица оцет
- 1 дцл масло
- 3,5 дцл млеко
За обложување:
- 1 јајце
Подготовка:




Измешајте млеко, шеќер и издробениот квасец. Во брашното додадете сол, оцет, јајце и квасец. Замесете тесто. Покријте и оставете го на топло место тестото да стаса.




Измешајте го тестото и поделете го на 4 дела. Покријте и оставете да отстои 10 минути. Секој дел повторно промешајте го, со сукало расукајте 3 кори па завиткајте ги во ролат секоја. Од добиените ленти направете плетенка. Извртената плетенка ставете ја во подмачкана тава. Направете 3 топчиња од алуминиумска фолија и ставете ги во плетенка, така што подоцна на тоа место ќе можете да ставите јајце.




Од преостанатото тесто направете зајак. Поделете го на 2 нееднакви дела и развлечете го поголемиот дел. Повторно завиткајте, па направете како полжав. Од другата половина земете мал дел и направете топче кое ќе ви служи како опашка, а од останатото направете глава. За очи можете да користите бибер или суво грозје. Погледнете ја сликата!




Зајакот и плетенката премачкајте ги со изматено јајце и печете во загреана рерна околу половина час. Извадете ги алуминиумските топчиња и ставете ги јајцата во тие вдлабнатини.
Пријатно!