Познатата слатка приготвена на поинаков начин: Направете СУТЛИЈАШ со бело чоколадо и лешници!

Вреди да се проба:

Реклама

Овие состојки сигурно ги имате во кујната.

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 100 мл. вода
  • 110 гр. ориз
  • 200 мл слатка павлака
  • 70 гр. бело чоколадо
  • 100 гр. мелени печени лешници
  • 3 лажици шеќер
  • 30 гр. путер
  • 1 лажица арома на ванила
  • две ванили

Подготовка:

Истурете млеко, вода во шерпата и оставете да зоврие. Додека млекото полека се загрева, измијте го оризот во повеќе води и оставете го да стои во топла вода. Кога млекото и водата вријат, ставете го оризот во шерпата (без водата во која стоеше).

Реклама

Гответе на тивок оган, често мешајќи, за да не изгори. Кога оризот е убаво варен и задебелен, додадете слатка павлака, ванилин шеќер, арома на ванила и бело чоколадо.

Мешајте додека не зоврие, потоа додадете шеќер и лешници. Оставете уште 2-3 минути и тргнете го од шпоретот. Додадете путер и мешајте додека не се стопи. Сервирајте топло или ладно, како сакате, украсете со парчиња лешници, малини или некое друго овошје.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -