Познатата руска торта ДЕН И НОЌ: Едноставна, мека и сочна, сите домаќинки го посакуваат овој рецепт!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Заборавете на купената од продавница, направете си луксузна руска торта ДЕН И НОЌ која ќе ве освои на првиот залак.

Домашните колачи не се секогаш лесни за правење, но овој рецепт е многу едноставен и секој може да го направи, дури и ако сте почетник. Вкусот на домашните торти ги надминува сите оние убави задоволства направени во слаткарниците. Една од тие торти е секако познатата руска торта Ден и Ноќ. Направена е од евтини состојки кои секој може да си ги дозволи, а вкусот дефинитивно нема да ве разочара. Изгледа убаво, меко е и сочно, па затоа е одлична доколку имате прослава.

Состојки:

- Advertisement -

За белиот дел:

  • 200 гр шеќер
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • прстофат сол
  • 1,5 лажички прашок за пециво

За темниот дел:

  • 200 гр шеќер
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 јајца
  • 130 брашно
  • прстофат сол
  • 1,5 лажички прашок за пециво
  • 3 лажици какао

За полнење:

  • 150 гр путер (собна температура)
  • 250 гр кондензирано млеко (собна температура)
  • 250 гр павлака (може и ладна)

Подготовка:

Како да направите кора за тортата: Јајцата се матат со шеќер и прстофат сол додека не станат пенести, па се додава павлаката, се соединува со миксер, па се прелива просеаното брашно и прашокот за печиво и се продолжува со матење. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и израмнете ја. Печете на 180°C околу 12-14 минути. Исечете ја кората на 4 дела.

Како да направите темна кора за колачи: Јајцата се матат со шеќер и малку сол додека не станат пенести, па се додава павлаката и се продолжува со матење. Прелијте го просеаното брашно со прашокот за пециво и какаото и соединете со миксер. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 180°C околу 12-14 минути. Исечете ја кората на 4 дела.

Вака се прави филот: Убаво изматете го путерот на собна температура, па додајте кондензирано млеко и продолжете со матењето. На крајот додадете павлака и соединете со миксер.

Редење на тортата: Ставете ја црната кора, па филот, белата кора, па филот и така додека не го потрошите материјалот. Одделете една бела и една црна кора за декорација. Покријте ја целата торта со филот, а потоа изблендирајте ја прво светлата, па темната кора одделно. Половина од колачот прво украсете го со изблендираната бела кора, па другата половина со темната кора. Тортата оставете ја да се олади два часа.

Пријатно!


- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!