За вистинските и трпеливи љубители на подготвување на торти ова е правиот рецепт. Прекрасна торта за специјални прилики, сега можете и сами дома да го подготвите.




Состојки:
Основа:
- 6 белки
- 30 гр шеќер
- 225 гр мелени бадеми
- 225 гр шеќер во прав
- 6 жолчки
- 70 гр брашно
- 45 гр путер
Сируп:
- 1,25 дл вода
- 80 гр шеќер
- 1½ лажица инстант кафе
Крем:
- 2 лажици инстант кафе
- 2 лажици топла вода
- 100 гр шеќер
- 60 мл вода
- 4 јајца
- 200 гр путер.
Ганаш:
- 250 гр црно чоколадо
- 1,25 дл полномасно млеко
- 60 мл слатка павлака
- 60 гр путер.
Глазура:
- 150 гр чоколадо за готвење
- 115 гр путер.
Подготовка:




Загрејте ја рерната на 220 степени. Поставете два плеха (30 / 40 см) со хартија за печење. Лесно изматете го снегот од белки, а потоа додадете шеќер и мешајте додека не стане цврст. Во друг сад изматете ги бадемите, шеќерот во прав и жолчките од јајцата околу 3 минути за да добиете пенлива смеса. Додадете го брашното и промешајте со најниска брзина колку да се измеша во смесата.




Потоа внимателно промешајте ги заедно со белките со шпатула, а потоа и стопениот путер. Поделете ја смесата на два плех и израмнете ја површината. Печете 5-7 минути – основата мора да биде светло-кафеава. Извадете од рерна, покријте со парче хартија за печење и свртете внимателно, а потоа отстранете ја хартијата за печење. Свртете ја хартијата и покријте го бисквитот со чистата страна. Оставете да се олади на собна температура.




За сирупот измешајте ги сите состојки во сад и оставете да зоврие. Потоа оставете да се олади. За кремот, растопете го инстант кафето во топла вода. Сварете ги шеќерот и водата и мешајте додека не се стопи шеќерот. Потоа продолжете да готвите без мешање додека не зоврие. Изматете ги јајцата додека масата не стане лесна и пенлива. Потоа, мешајќи со најмала брзина, додадете го сирупот во тенок проток.




Потоа зголемете ја брзината на средно и мешајте уште 5 минути за да се згусне смесата. Изматете го омекнатиот путер со шпатула и додадете 2 лажици во смесата, мешајќи со средна брзина. На крај, зголемете ја брзината и мешајте додека кремот не се згусне и стане свиленкаст. Додадете го кафето, па ставете ја смесата во фрижидер 20 минути – додека кремот не се згусне за да можете да филувате со него. Често мешајте го.




За ганашот, скршете го чоколадото во сад. Загрејте го млекото и павлаката до вриење и прелијте со чоколадото. Оставете да отстои една минута, а потоа добро промешајте за да се стопи целото чоколадо и масата стане мазна и сјајна. Измешајте го путерот додека не стане крем, а потоа измешајте го во ганашот. Оставете во фрижидер околу 20 минути – додека не се стврдне за филување, но мешајте го на секои 5 минути.




Исечете го пандишпанот така што ќе добиете два 4 листа. Поставете парче на основата, посипете со сируп и премачкајте со 3/4 крем. Одозгора ставете друго парче, посипете сируп и премачкајте со ганаш. Повторувајте и со следното парче. Покријте со последното парче, навлажнете со сируп и премачкајте со преостанатиот крем. Израмнете и ставете во фрижидер најмалку еден час и најмногу 6 часа да се излади добро.




За глазура во тавата, стопете го путерот додека не зоврие. Тргнете го од оган и отстранете ја пената. Истурете го течниот путер во сад. Растопете го чоколадото на пареа, измешајте го со путерот и истурете го врз колачот насекаде рамномерно. Вратете ја тортата во фрижидер, и кога ќе се олади, исечете ја по желба.




Совети: Бисквитот можете да го испечете ден претходно, и да го чувате на собна температура. Можете исто така да го направите сирупот однапред, бидејќи може да остане во фрижидер една недела. Можете да ги подготвите кремот и ганашот 3 дена однапред и да ги чувате во фрижидер, но оставете ги на собна температура некое време пред да ги употребите.




Уживајте!