Најубавата салата за најубавата вечер во годината.
Состојки:
- 250-300 гр мисиркино или пилешко филе
- 1 конзерва пченка
- 1 краставица
- 1 слатко и 1 кисело јаболко
- мајонез
- 1/2 лимон
- малку магдонос
Подготовка:




Месото сварете го и исечкајте го на коцки. Така направете со краставицата и јаболката. Јаболката прелијте ги со малку сок од лимон. Покријте го кружниот сад со проѕирна фолија.




- Advertisement -
Сипете ја прво пченката (оставете малку за декорација), потоа ред мајонез, па јаболка, па ред мајонез, па краставица, па мајонез и на крај месо. Ставете го во фрижидер 15 минути, а потоа превртете го во чинија.




Отстранете ја фолијата и украсете ги страните со пченка, а од кората на краставицата можете да направите цвет. Ставете малку магдонос на страна за декорација.




Пријатно!