Овие пецива со чоколадо се француска класика која штом еднаш ја пробате тешко дека ќе ја заборавите. За многумина повкусни од кроасаните, пецива со парчиња чоколадо може да се направат од само неколку состојки. Ако се одлучите за пократка варијанта и купете лиснато тесто наместо домашно, десертот може да биде готов за помалку од еден час.
Состојки:
- 200 гр чоколадо
- 800 гр лиснато тесто
- 1-2 лажици стопен путер
- 1 јајце
- 1 лажица вода
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 ° C. Поставете плех со хартија за печење. Исецкајте или скршете го чоколадото на мали парчиња и оставете го настрана.
Ставете еден лист тесто на работната површина, премачкајте го со стопен путер, а потоа над него ставете уште еден лист лиснато тесто. Исечете ги страниците со нож за да ги израмните.
Исечете го тестото во тенки ленти, со големина од околу 6 х 23 см. На едниот крај од секоја лента додадете чоколади и замотајте го тестото, само колку да го покриете чоколадото.
Потоа пак додадете повеќе чоколадо на тоа место до каде што сте замотале и замотајте го тестото до крај. Чоколадото ќе биде скриено на средина. Повторете со преостанатото тесто и ставете ги ролатите на плехот за печење со преклопот надолу.
Изматете го јајцето со лажица вода. Лесно премачкајте ја секоја кора и печете ја 15-20 минути.
Извадете ги од рерна, оставете ги да се оладат неколку минути пред да ги послужите. По желба посипете со шеќер во прав.
Пријатно!