Оваа пита е подготвена слично како гибаница и не ви требаат никакви вештини. Одлична идеја е за појадок, вечера или ако имате ненадејни гости.
Состојки:
- 500 гр готови кори
- 5 јајца
- 1 лажичка сол
- 400 гр кисело млеко
- 180-200 мл јогурт
- 120 мл масло
- 100 гр сирење
- 1 полна лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Изматете ги јајцата и солта, а потоа додадете кисело млеко, јогурт и масло, и повторно комбинирајте ги. Потоа додадете рендано сирење и прашок за пециво. Добро промешајте се заедно.
Одделете 5 кори настрана, а остатокот исечкајте го и одделете ги со прстите за да не се лепат заедно. Исто така одделете 7-8 лажици од смесата фил во еден сад настрана.
Во смесата фил ставете ги исецканите кори и убаво измешајте ги, да биде се влажно. Намастете ја тавата со маргарин и наредете три кори. Истурете го филот со исецканите кори врз нив, а потоа затворете одозгора со двете преостанати кори. На крај премачкајте со смесата што ја одвоивте од филот настрана. Печете на 200 ° C околу половина час.
Добар апетит!