Реклама
Денес ќе споделиме еден многу интересен рецепт за припрема на добро познатото француско крем бруле, но овој пат во солена верзија.




Состојки:
- 300 гр пченка (одмрзната)
- 460 мл павлака за готвење
- 3 јајца
- 2 жолчки
- малку сол, црн бибер
- 100 гр пармезан
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Во сад за готвење ставете ја павлаката да зоврие, па ставете ги внатре зрната пченка. Садот тргнете го од оган и оставете го 10 минути за пченката да набабри.
Реклама
По десетина минути, смесата префрлете ја во блендер и добро измиксирајте ја за да добиете хомогена смеса.




Во меѓувреме, јајцата и жолчките изматете ги, додадете сол и црн бибер, додадете ја смесата од блендерот, промешајте и соединете ги смесите.
Реклама




Смесата претурете ја во калапи за печење и печете околу 30-тина минути. Пред да бидат готови, наросете пармезан и печете уште неколку минути.
Добар апетит!
Извор: Migusto.mk