Солена печена торта со пиперка е најдоброто солено предјадење на сите времиња. Направено е брзо и нема шанси нешто да тргне наопаку – сите едноставно успеваат.
Состојки:
- 10 печени пиперки
- 200 мл кисела павлака
- 200 гр мајонез
- 200 гр крем сирење
- 200 гр кругови шунка
- 2 варени јајца
- 1 пакет тост кашкавал
- 100 гр кашкавал
- масло
- неколку цели маслинки
- сол
- мелен црн пипер.
Подготовка:
Излупете ги печените пиперки, извадете ги семето и стебленцата и изладете ги.
- Advertisement -
Кога ќе се оладат, ги редиме во огноотпорен сад, а врз нив мачкаме фил од кисела павлака, мајонез и крем сирење.
Потоа ставаме прстени од шунка, па повторно ред пиперки, па филот, па тост кашкавал, па филот и на крај ги рендаме 100 гр кашкавал и варените јајца.
Украсете со маслинки и магдонос.
Уживајте !