Погачици со чварки и сирење

Вреди да се проба:

Реклама

Појадок од кој ќе ви застане умот. Ако сте љубител на чварки, овој рецепт е идеален за вас.

Состојки:

Тесто:

Реклама
  • 500 гр брашно
  • 1 кесичка инстант квасец
  • 2 жолчки од јајце
  • сол по вкус
  • 60 маргарин
  • 250 мл млеко

Фил:

  • 300 гр чварки
  • 100 гр брашно
  • 100 гр сирење
  • бибер и сол по вкус

За премачкување:

Реклама
  • 1 јајце

Подготовка:

1.Измешајте го брашното со инстант квасец. Во средина ставете жолчки од јајце, омекнат маргарин и сол, а потоа измесете меко тесто со млако млеко. Оставете го покриено на топло место околу 30 минути да нарасне.

2.Во меѓувреме, мелете ги чварките, па измешајте ги со брашното и сирењето на кои сте додале малку бибер и сол. Тестото развлечете го во дебелина од околу 1 см, премачкајте го со филот и преклопете го тестото. Повторно развлечете го и преклопете го повторно како за лиснато тесто. Расукајте го уште еднаш и преклопете го повторно.

3.Последен пат развлечете го тестото со дебелина од 1,5 см, а потоа исечете со чаша или кружен калап погачици. Наредете ги на намастен плех, зарежете ја површината на колачите во форма на решетка, премачкајте со јајце и печете во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -