Погача со ЈОГУРТ: Додека се пече, целата куќа мириса!

Вреди да се проба:

Реклама

Додека се пече, целата куќа мириса!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 јогурт во чаша
  • 50 гр квасец
  • 2 дцл вода
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • брашно по потреба (околу 700-800 гр.) тип 400 мазно
  • сусам за посипување
  • 150 гр маргарин за премачкување

Подготовка:

Ставете квасец и шеќер во млака вода. Промешајте и оставете да стаса. Во брашното додадете јајца, сол, јогурт и вода, а потоа измесете го тестото. Оставете 5 минути да се одмори.

Реклама

Потоа расукајте го тестото во голем правоаголник, тенок околу 5мм. Премачкајте со маргарин. Замотајте го во ролна/ ролат и исечете го ролатот во дебелина од околу 4-5 см.

Наредете ги полжавчињата кои ги добивте во кружен сад. Потоа оставете да се одмори и подигне. Тестото мора да се удвои. Ставете малку маргарин врз секое полжавче/ ролат и посипете семе од сусам. Печете во загреана рерна на 200 C додека не поруменат. Чувајте го во сува крпа.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -