Плетенки со афион кои освен што се превкусни, овозможуваат многу забава при нивното приготвување.




Состојки:
- 500 г брашно (состојки за тесто)
- 200 мл јогурт
- 100 мл млеко
- 100 мл масло за готвење
- 2 јајца
- ½ пакетче сув квасец
- ½ пакетче прашок за пециво
- 1 лажица шеќер
- прстофат сол
- 200 г афионово семе (мак) (состојки за фил)
- 120 мл млеко
- 110 г путер
- 100 г ванилин шеќер
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 1 лажичка цимет
- кора од еден лимон




Начин на подготовка:
За подготовка на филот од афионово семе, во сад на оган растопете го путерот заедно со млекото и шеќерот. Додадете го семето од афион, ванилин шеќер, цимет и рендана кора од еден лимон.
Семето гответе го на среден оган, околу 5 минути или се додека не ја впие течноста и се добие потребата густина.




За подготовка на тестото, во пластичен сад, измешајте ги сите суви состојки за подготовка на тестото. Измешајте ги добро за да добиете хомогена смеса.
Во посебен сад изматете ги јајцата со маталка па додадете јогурт, млеко и масло за готвење.
Двете смесите помешајте ги и месете се додека не добиете убаво мазно тесто. Покријте го и оставете го да нарасне
Тестото поделете го на два дела. Секој дел повторно поделете го на други шест дела.




Добиените топчиња тесто исукајте ги и во средина ставете од претходно подготвениот фил.
Преклопете ги краевите, притиснете ги за да се залепат и нежно ролувајте го за да добиете тесто со заоблена форма.
Од две парчиња наполнето со фил тесто формирајте плетенка и спојте ги краевите (двете теста се испреплетуваат).




Одозгора премачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со шеќер и семе од афион и оставете ги малку да нараснат.
Печете ги во загреана рерна на 220 степени, околу 5 минути, потоа намалете на 180 степени и печете уште 25 минути.




Добар апетит!