Плетенка со магдонос и лук: Совршенство од вкусови!

Вреди да се проба:

Реклама

Вкусно пециво, едноставно совршенство.

Состојки:

Тесто:

Реклама
  • 300 гр брашно
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 125 мл топло млеко
  • 30 гр путер
  • 1 јајце

Фил:

  • 50 гр омекнат путер
  • 1 чешне лук
  • 5 гранчиња магдонос
  • 1 јајце
  • груба морска сол (опционално)

Подготовка:

Измешајте брашно, квасец и шеќер, а потоа додадете млако млеко, 30 гр путер, јајце и замесете мазно тесто (може да користите и миксер, додатоци за тесто) Покријте го замесеното мазно тесто и оставете го да стаса додека не се зголеми двојно.

Реклама

Во 50 гр омекнат путер, исцедете (или изрендајте) чешне лук и додадете сецкан магдонос. Измешајте се за да добиете изедначена смеса.

Тестото развлечете го во правоаголник со димензии приближно 40 x 25 цм. Тестото премачкајте го со подготвениот путер и лук, и завиткајте го во ролна. Исечете го ролатот по должина на половина, оставајќи 3-4 см од едниот крај несечен.

Сега исечените ленти од ролната започнете да ги виткате едни околу други во плетенка. Ставете ја искривената плетенка во долгнавест плех со димензии 30х10 см обложен со хартија за печење. Покријте го и оставете го да стаса 20-30 минути.
Печете го тестото во загреана рерна на 200 степени 20-25 минути. Изладете, па исечете го.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -