Плетенка МИЛИБРОД: Вкусно пециво за убави слатки денови!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете вкусен милиброд за претстојните празници.

А зошто да не и во некој вообичаен ден. Слатко пециво кое никогаш не здосадува и се јаде со сласт.

Реклама

Состојки:

  • повеќе од 1 кг. брашно
  • 3 јајца
  • 1 квасец
  • 125 гр. маргарин
  • 250 гр. шеќер
  • 500 мл. млеко
  • мармалад
  • сусам

Подготовка:

Околу 400 мл млеко, шеќер и маргарин ставете ги во сад и на оган да се растопат а потоа изладете ги да бидат млаки.

Во останатото млеко растопете го пресниот квасец а потоа во поголем сад истурете го брашното направете дупка и истурете го веќе измешаниот квасец со остатокот од млекото, потоа додадете ги јајцата, а малку по малку млекото со растопениот маргарин и шеќерот.

Реклама

Замесете меко тесто и оставете го да нарасне. Потоа поделете на 6 еднакви топчиња. Секое топче расукајте го како правоаголник, премачкајте го со мармалад и свиткајте како ролат.

Од три такви ролати направете плетенка и залепете ги краевите со чепкалка, истото направете го и со останатите три топчиња и оставете ги плетенките да нараснат дупло. Печете на 200 степени C околу 60 минути, но милбродот покријте го со весник за да не изгори на површината.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -