Плескавици од зеленчук: Се прават брзо, а вкусот е фантастичен!

Вреди да се проба:

Реклама

Лесен и брз ручек, а во исто време и здрав и вкусен.

Состојки:

  • 1 тиквичка од околу 250 гр.
  • 1 морков
  • 1 компир
  • 1 мал кромид
  • 1 пиперка
  • листови од магдонос
  • 3 јајца
  • 2 – 3 лажици брашно
  • половина лажичка сув зачин (вегета)
  • малку сол
  • малку бибер
  • масло за пржење

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, посолете малку и оставете ги пет минути да отстојат, а потоа со раце исцедете ја течноста од нив. Кромидот и пиперката ситно исечкајте ги, морковот и компирот изрендајте ги и измешајте ги со тиквичките, листовите магдонос, јајцата и зачините.

Реклама

На крајот се меша и брашното во смесата. Се пржат на умерена температура со многу малку масло. Доволни се 4-5 минути од едната и 3-4 минути од другата страна. Најлесно е да се извади смесата со топка за сладолед и да се израмни со обична лажица во тавчето за да се направи тенок слој.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -