Италијански специјалитет во малку поинаков облик со кој го задржува својот квалитет и останува меѓу омилените оброци.
Потребни состојки:
- 600 грама меко брашно,
- 200 гр.кашкавал гауда,
- 200 гр. димен свински врат,
- 150 гр.маргарин,
- 300 мл.млеко,
- 100 мл.кечап,
- 2 јајца,
- 1 коцка свеж квасец,
- 1лажица зејтин,
- 1 лажица шеќер,
- 1 лажица оригано,
- 1 лажица сол.
Начин на приготвување:
Во малку затоплено млеко го додаваме квасецот и мешаме со лажица. Во друг сад ставаме брашно и маргарин исечкан на парченца, додаваме сол и сето тоа со рака добро го замесуваме.
Во садот со млеко додаваме 1 лажица шеќер и 1 лажица зејтин.Додаваме едно јајце и сето тоа тоа добро го замесуваме со зица за матење.Потоа ги додаваме млекото и квасецот во садот во кој сме ги ставиле брашното и маргаринот и сетоа тоа добро го замесуваме.
Ако е потребно додаваме усште малку брашно да добиеме меко тесто.Смесата ја префрламе во сад и ја оставаме покриено на топло 30 минути да нарасне.
Кога тестото е нараснато повторно го размесуваме на маса попрскана со брашно и го делиме на два еднакви дела.(по 600 гр.секој дел).
Во второто јајце додаваме малку сол и го матиме со вилушка.
На набрашнетата маса ја развлекуваме кората, и со лажица ја мачкаме со кечап.На краевите мачкаме со јајце.На едниот крај ставаме кашкавал, одозгора редиме димен свински врат и наросуваме со оригано.Кората ја виткаме во ролат.
На истиот начин го приготвуваме и вториот ролат и ги сечеме на парчиња( со дебелина од три прсти).Ги ставме во тавче обложено со хартија за печење, ги премачкуваме со јајце и ги печеме на 210 степени, 30 минути.
Пријатен апетит!