ПИЦА ПИТА ОД ГОТОВИ КОРИ: Богата со фил од сирење и шунка – ќе исчезне од трпезата штом ја послужите!

Вреди да се проба:

Реклама

Едноставен рецепт за пица-пита од готови кори.

Питата која има вкус на пица и мириса на оригано се јаде со задоволство, особено на родендените на децата и за разни свечени пригоди. Рецептот е многу едноставен, лесен за подготовка, а питата е многу дарежлива и може да биде одличен избор за појадок или вечера. Популарна е исто како и класичната пица од тесто.

Реклама

Состојки:

  • 500 гр кора за пита
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 1 чаша брашно
  • половина чаша масло
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 200 гр шунка
  • 200 гр кашкавал
  • 100 гр сирење
  • кечап
  • оригано

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава малку сол, јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво. Се заедно добро измешајте и направете премаз со кој ќе ја наполните кората.

Исечкајте ја шунката, изрендајте го кашкавалот и исечкајте го сирењето. Корите поделете ги на четири дела, за четири ролати. Оставете четири лажици од филот да се премачкаат ролатите.

Реклама

Земете една кора па премачкајте ја со три лажици фил од јајца и јогурт, па врз неа ставете друга кора па повторно филот, истото направете го и со третата кора, а врз премазот ставете кечап, кашкавал, шунка, оригано и сирење. Потоа завиткајте во ролат или полжав.

Повторете ја постапката додека не се потроши целиот материјал. Ставете ги ролатите на плех, подмачкан или обложен со хартија за печење, секој премачкајте го со лажица фил. Печете 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Покријте со чиста крпа за да се излади питата, исечете и послужете.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -