Доколку го сакате вкусот на пица, овие солени пица закуски се дефинитивно вистинскиот избор за вас.




Овие пица мафини се навистина прекрасни, толку меки и вкусни и следниот ден.
Состојки:
- 4 јајца
- 1,5 лажички сол
- 1,5 шолји павлака
- 100 гр масло
- 1 лажица кечап
- 1 лажичка оригано
- 140 гр остро брашно
- 110 гр пченкарно брашно
- 1 прашок за пециво
- 200 гр шунка (или салама по избор)
- 100 гр сирење Трапист
Подготовка:




Јајцата се матат, се посолуваат и се матат кратко со миксер. Додадете павлака, масло, лажица кечап и оригано и сè измешајте со миксер.




Во друг сад измешајте ги двата вида брашно со прашокот за пециво и додадете ги во претходниот сад со влажните состојки. Добро измешајте со миксер.




На крај додадете ја исечканата шунка на коцки, како и ренданото сирење Трапист и сето убаво измешајте.Во калапот за мафини ставете хартиени корпички (или добро подмачкајте ги), па со лажица ставете ја смесата за мафини.




Ставете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20-25 минути. Извадете, па врз секој мафин ставете по малку кечап, намачкајте го ренданото сирење и посипете со малку оригано, па вратете во рерна уште 10 минути да се растопи и да се испече кашкавалот.
Пријатно!